Премиерот на Косово, Албин Курти зборуваше претходно дека границата меѓу Косово и Албанија била претходно наметната од страна на Србија и Југославија.
Курти вели дека тоа не е граница на албанскиот народ и порача дека ако Белград ја нападне Приштина, тие ќе реагираат како албански народ.
„Границата не е наша. А кога Србија ќе го нападне Косово, ние не реагираме само како Косово, туку како албански народ. Сакаме соработка со Албанија. Проблемот е кога Белград ќе стане и ќе сака да ги поткопа нашите институции, тогаш природно сакаме да бидеме силни“, кажа Курти за грчки „Катимерини“.