Постигнат е договор меѓу Движењето Самоопределување (ВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) за избор на шеф на државата.
По завршувањето на средбата меѓу лидерот на ЛДК, Лумир Абдиџику, и претседателот на ВВ, Албин Курти, беше соопштено дека страните постигнале договор за заеднички кандидат за претседател.
Според Абдиџику, договорено е Беким Сејдиу да биде кандидатот за претседател на Косово.
Беким Сејдиу бил судија во Уставниот суд на Косово од 2015 до 2021 година. Пред да стане уставен судија, бил амбасадор на Косово во Турција од 2008 до 2012 година, а потоа генерален конзул во Њујорк во периодот од 2012 до 2014 година.
Сејдиу од 2002 година е професор на Правниот факултет при Универзитетот во Приштина.