Изборите во четири општини на северот на Република Косово ќе се одржат наесен, изјави денеска премиерот на приштинските приштински институции Аљбин Курти во интервју за Радио-телевизија Словенија, јави РТК.
Во интервју за Радио-телевизија на Словенија во Блед, каде што учествува на Стратешкиот форум, освен за организацијата на избори во четири општини на север, Курти зборуваше и за формирањето на ЗСО, за казнените мерки наметнати од ЕУ за Приштина и повторно го критикуваше Белград, јавуваат приштинските медиуми.
Тој тврди дека властите во Белград „прават се за да ги спречат Србите на север да се интегрираат“, поради што, како што вели, му е потребна помош од меѓународната заедница, особено од Европската унија.