Курти потврди: Имаше закани кон мене, видов многу полиција

Премиерот на Косово, Албин Курти потврди дека имало закани кон него за време на неговиот престој во Скопје.

Според него, заканите дошле „од поединци и структури кои имаат корени од официјален Белград“.

Се вчитува...

Курти рече дека не се чувствувал загрозен, односно дека видел многу полициски сили кои се грижеле за безбедноста на состанокот на кој присуствувал.

„Научив дека има многу закани од поединци и структури кои имаат корени од официјален Белград. Но, кога дојдов овде од Скопје, не се чувствував загрозен, но видов дека има многу полициски сили кои се погрижија за оваа средба што ја одржавме во Скопје со овие социјалдемократски партии“, изјави Курти на новинарите.

Инаку, јавниот медиум РТК денеска објави дека на премиерот на Косово Албин Курти му се заканувале со убиство.

Повикувајќи се на изворите, РТК јави дека безбедносните институции на Косово веднаш по состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации доставиле податоци дека имало обид од Србија да го убие Курти во Скопје, каде што престојувал синоќа.