Балкан

Лајчак и Ескобар најверојатно неделава во посета на Белград и Приштина

Специјалниот претставник на Европската Унија (ЕУ) за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак и специјалниот американски амбасадор за Западен Балкан, Габриел Ескобар најверојатно ќе ги посетат Приштина и Белград, објави Радио Слободна Европа.

Како што пишува медиумот, се очекува тоа да се случи во текот на неделава, а за цел има уште еднаш да се разговара со земјите за да се пронајде решение околу издавањето влезно – излезни документи за српски државјани во Косово.

Во текстот се додава и дека ЕУ и меѓународната заедница настојуваат Косово и Србија да пронајдат решение најдоцна до 31 август. Тоа е, како што се тврди, со цел да се избегне нова ескалација во северениот дел на Косово.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни