Балкан

Лајчак: Треба да разговараме за следните чекори

Лајчак: Треба да разговараме за следните чекори

„Треба да разговараме за следните чекори. Многу сум загрижен, ситуацијата е исклучително тешка“, изјави денеска специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, рече дека е многу загрижен, бидејќи ситуацијата на Косово и Метохија може да предизвика регионален проблем.

Ги охрабруваме страните да се вратат на преговарачка маса“, рече Ескобар.

Треба што поскоро да се одржат нови избори на северот

„Нема рок за нови избори, тие треба што поскоро да се одржат на север. Засега нема политичка волја за тоа“, изјави Лајчак.

„Лидерите на двете страни ќе дојдат во Брисел, средбата ќе се одржи. Важно е луѓето да го обноват нормалниот живот што е можно поскоро“, вели Лајчак.

Неговиот колега Габриел Ескобар рече дека ги охрабруваат двете страни да го прифатат планот за деескалација, бидејќи нема алтернатива за тоа.

„Верувам дека насилството не е избор на Курти, вели Лајчак.

Ниту еден од лидерите не кажа НЕ на дијалогот, се надевам дека средбата ќе се одржи наскоро“, рече тој.

ЕУ не може да биде појасна за тоа што бара

„ЕУ не може да биде појасна што бара, ако игнорирањето продолжи, следниот чекор ќе бидат мерките“, вели Лајчак.

Специјалниот пратеник на Стејт департментот Ескобар вели дека се надева оти водачите ќе разберат дека дијалогот е единствениот начин целиот регион да продолжи напред.

„Нудиме партнерство, ако немаме основна координација тоа нема да се случи“, вели Габриел Ескобар.

„Ги поканувам двете страни да дојдат во Брисел за да го продолжат дијалогот. Треба да се вратиме на Охридскиот договор и неговата имплементација. Не можеме да ја натераме едната страна да прави сè додека другата не прави ништо, туку двете страни да работат на имплементација“, вели Лајчак.

„Не знам дека Србија е блиску до признавање на Косово, но запознаен сум со договорите во кои се наведува нормализација на односите“, рекол Ескобар, пренесува Танјуг.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни