Латас и Ивона се шетаа низ Собранието и правеа селфи, сведочи обвинетиот телохранител на Вељаноски на судењето за 27 април

По вкрстеното испрашување од обвинетите и нивните адвокати, прашања на обвинетиот Горан Ѓошевски-Леви му поставуваше судијката Добрила Кацарска на денешното рочиште за организираниот напад во Собранието на 27 април лани.

Таа го праша шефот на обезбедувањето на тогашниот претседавач Трајко Вељаноски како е можно полициски службеник да ја спроведува толпата и да ги насочува каде да се движат, како што било видено и на снимките кои се гледаа во судницата.

Се вчитува...

Ѓошевски ѝ одговори дека го знае Кољо оти пред да работи во Собранието, бил во одделот за недозволена трговија во Автокоманда и таму го знае неговото име и презиме и тврдеше од говорницата за сведочење дека не го насочувал него и насилниците и само му кажал на Кољо дека вратата која тој ја скршил не се отвора со клуч, туку е електронска.

Извор: ТВ21