Во живо Продажба или стечај за Алта Банка „Ноќно студио“ во живо Гледај
Живот

Лавица „посвои“ младенче гну

Лавица „посвои“ младенче гну

Необична сцена се случила во националниот парк Серенгети во Танзанија, каде е снимена возрасна лавица како води младенче гну и го враќа во своето стадо.

Организацијата на националните паркови на Танзанија објави видео на Твитер, на кое се гледа како бебе гну следи возрасна лавица покрај ногата.

Ваквото однесување е крајно чудно, а Паскал Шелутет, портпарол на националниот парк, изјави за Би-Би-Си дека во мајчинските инстинкти на лавицата доминираат природните грабливи инстинкти.

Она што особено ја зголемува бизарноста на она што се случи е тоа што зебрите и гну се меѓу омилениот плен на лавовите, бидејќи се поголеми, побавни и полесни за фаќање од антилопите и газелите, а сепак помалку опасни од биволите.

Лавовите се таканаречени „хипер-месојади“, што значи дека огромното мнозинство од нивната исхрана се базира на месо и не е ограничено на еден вид плен.

Еден здрав и возрасен лав треба да консумира помеѓу 5 и 8 килограми месо дневно, а имајќи предвид дека често се случува да не успеат да фатат нешто секој ден, многу е чудно една возрасна лавица да пропушти шанса за лесен оброк.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни