Рускиот министер за надворешни работи зборуваше за санкциите и изворите на енергија и испрати нова закана до Западот.
Тој рече дека Русија има доволно купувачи на енергија надвор од кругот на западните земји и дека Западот ќе мора да им објасни на своите граѓани зошто стануваат посиромашни.
„Имаме доволно купувачи на нашата енергија, ќе работиме со нив. Нека Западот плати многу повеќе отколку што и плати на Руската Федерација сега и да му објасни на своето население зошто ќе биде посиромашно“, рече Лавров на прес-конференција за западните санкции.