Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја отфрли идејата за меѓунеродно посредување во спорот меѓу Русија и Украина околу руската заплена на три украински брода во Крим.
-Не гледам никаква причина за какви било посредници – изјави Лавров по средбата со неговиот француски колега Жан-Ив ле Дријан во Париз.
Според Лавров, украинските западни поддржувачи треба да му испратат јасен сигнал на Киев да се воздржува од какви било провокации со цел да не се повторат инциденти како тој во неделата кога руската армија отвори оган врз три украински воени брода, кои се обиделе од Црното Море да влезат во Керченскиот Теснец.
По вооружениот инцидент, руските сили ги задржаа украинските бродови заедно со 24-ца членови на нивните екипажи.