Свет

Лавров: Западните обвинувачи на Путин треба да гледаат на сопствената совест

Лавров: Западните обвинувачи на Путин треба да гледаат на сопствената совест

Западните лидери мора да гледаат на сопствената совест пред да го обвинат рускиот претседател Владимир Путин за воени злосторства, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, цитиран од Ројтерс.

Москва во наредните часови ќе одржи прес-конференција за да покаже дека наводите на Западот дека нејзини војници убиле цивили во северна Украина се невистинити, изјави Лавров за новинарите по средбата во Москва со контакт групата на Арапската лига за Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден го обвини Путин за воени злосторства и повика на судење, придружувајќи се на глобалниот бес поради убиствата на цивили во украинскиот град Буча. Кремљ категорично негираше дека има некаква врска со убиствата на цивили, вклучително и во Буча, и рече дека гробниците и телата пронајдени таму биле исценирани од Украина за да ја дискредитира Русија.

Запрашан да ги коментира забелешките на Бајден, Лавров рече дека Западот прво треба да ги погледне сопствените акции во Ирак и Либија. „Не е се во ред со совеста на американските политичари“, рече тој.

Лавров посочи дека прес-конференцијата, која ќе се одржи во наредните часови, ќе ја одржи руската мисија во Обединетите нации и ќе бидат презентирани „исклучително детални материјали кои ќе ја покажат вистинската природа на настаните во Буча“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни