„Лажги со опашки“ за излегувањето од притвор – ја знаеше ли премиерот иднината на Катица?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски пред два месеци за време на лидерската средба рече дека Заев им кажал дека Катица Јанева ќе излезе од притвор и ќе оди во куќен притвор.

„Тоа се лажги со опашки. Строго ги деманитрам ваквите лаги бидејќи на лидерската средба кога се отвораше дебатата зошто воопшто се преговара кога предметите поминуваат во Јавното обвинителство, мојот коментар беше оти од Ирена Фрчковска сум информиран дека е логично Јанева да бара да ги достави предметите заради одговорност, но веројатно и жената да си бара олеснителни мерки во истрагата заради невлијание на сведоците, невлијание на предемтите“, рече Заев на 13.09.2019.

Премиерот Заев во синоќешното отворено студио со новинарите на националниот сервис рече дека останува конзистентен притворите од 30, 60, 120 или повеќе денови дека се казна.

Тој вели дека не смее да ги коментира постапките на судовите , но вели дека народот врие поради работата на судовие и застарувањето на предметите и не одговарањето за направен криминал.

„Јас не ја знам основата за одлуката на судот но остануам конзистентен на моите политики и политиките на целата оваа влада, се борев со нашиот народ да притворот не биде казна и без разлика дали се работи за Катица Јанева, за Груевски или за било кој во општеството верувам во ефикански судски процеси каде што е утврдена вината и си носи одговорност обвинетото лице“, рече вчера Заев.

Останува дилемата како Заев знаел дека Јанева ќе излезе од притвор. Или пак станува збор за политички договор на политичките партии кои беа и се засегнати од работата на СЈО, како и работите кои екс-специјалната јавна обвинителка ги знае преку преслушувањето на аудио материјалите од кои дел објави СДСМ кога беше опозиција.

Заев потврди дека телефонски разговарал со адвокатката на Јанева, Ирена Фрчкоска но се јавил само за да праша какви биле процедурите и што ќе се случувало со иднината на обвинителката како и работата на СЈО.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното