МВР вечерва соопшти дека лажна е дојавата за бомба во трговскиот центар Сити Мол.
Денеска (25.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговскиот центар „City Mall“ во Скопје се поставени експлозивни направи.
Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектот, при што е утврдено дека станува збор за лажна дојава за поставени бомби.
