Македонија

Лажна е пријавата за поставена бомба во училиште – превентивно евакуирани и други училишта, во тек детална проверка

Лажна е пријавата за поставена бомба во училиште – превентивно евакуирани и други училишта, во тек детална проверка

Денеска (28.10.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адресa на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и антитерористички проверки, при што е утврдено дека станува збор за лажна пријава.

Превентивно се евакуирани и други училишта во Скопје и во тек се детални проверки и на овие објекти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни