Македонија

ЛДП: Преговарачката рамка треба да содржи европски принципи и стандарди, но не и билатерални прашања

Од партијата ЛДП велат дека преговарачката рамка треба да ги вгради европските принципи и стандарди, како и Копенхагенските критериуми, но не и билатерални прашања и не културни јазични, историски и идентитетски прашања.

„Ова е еден од предлог заклучоците на Централниот одбор на ЛДП кој заседаваше за информацијата за содржината на предлог преговарачката рамка за простапни преговори на Македонија со ЕУ предложена од страна на претседателството на Франција со Советот на Европската Унија на 30 јуни 2022 година.

ЛДП се залага за целосно полноправно членство на Македонија во ЕУ, со сите свои културни, јазични, историски и идентитетски особини“, велат од ЛДП.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни