Леб од тиквички

Овој леб лесно се замесува. Со мирис, крцкава кора и интересен вкус.

Состојки:
150 гр мазно брашно
150 гр пченкарно брашно
1 прашок за пециво
1 лажичка сол
2 тиквички
150 лопен
2јаја
45 мл млеко
50 гр пармезан

Подготовка:

1
Изрендајте тиквички
Тиквичките изрендајте ги, малку посолете ги, па исцедете ги и исушете ги со хартиена крпа.

2
Измешајте ги двете брашна и додадете ги тиквичките
Во сад измешајте ги двата вида брашно, прашокот за пециво и солта и додадете ги исцедените тиквички.

3
Измешајте ги јајцата и другите состојки
Измешајте ги јајцата, млекото и маслото, па додајте сè во смесата со брашно и соединете.

4
Истурете го тестото во калапот
Правоаголниот калап премачкајте го со масло, малку побрашнете, истурете го подготвеното тесто, израмнете го и посипете со пармезан.

5
Печете го лебот
Лебот се пече во загреана рерна на 180 степени 45 минути.