Колку ќе чинат прехранбените производите за кои од утре трговците слободно ќе наплаќаат маржа и дополнителни 5 отсто ДДВ? Се знае или не?
Владините мерки за ублажување на ценовниот шок завршуваат денеска на полноќ, а веќе од утре се очекува на полиците во маркетите да има нови повисоки цени на лебот, шеќерот, солта, брашното тип 400, суровото сончогледово масло, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежото месо и сувомеснатите производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата, тестенините, пченицата, овошјето и на зеленчукот. Трговците и производителите веќе се подготвени од утре да ги вратат цените за висината на процентот на маржата и на Данокот на додадена вредност.
Дополнителен удар за граѓаните ќе бидат и новите цени на горивата, кои од полноќ ќе се пресметуваат со ДДВ од 18 отсто, бидејќи завршува и мерката за намалување на данокот за гориво на 10 отсто. Истовремено, завршува и мерката за намалување на акцизата врз основа на берзанските цени.
Читај повеќе на Плус Инфо