Едни од најпознатите британски метал-легенди „Ајрон Мејден“ на почетокот на 2019 година го снимија својот 17-ти студиски албум со називот „Senjutsu“, но се чини дека многу од песните на него како да се однесуваат на оваа 2021 година.
„Чудно, имаме една или две песни што се чини дека се на „Зајтгајст“ овде за она што се случува! Мислам дека Стив (Харис – главниот текстописец на „Ајрон Мејден“) понекогаш се чувствува многу отуѓен од некои работи што се случуваат во она што се претпоставува дека е современиот свет. Значи, чувството (за „Пеколот на земјата“) е многу како – „Страшно е ова место“. Значи, ако „скинам конци“ и ја напуштам оваа планета, и можеби се вратам, тоа ќе биде друг, паралелен свет и сѐ ќе биде повторно в ред“, вели пејачот Брус Дикинсон за „Јаху ентертејнмент“.
Тој потоа се одлучи да зборува и за своето искуство со Ковид-19.
„Моето верување е – и нагласувам, тоа е верување, дека ќе бев повеќе болен ако не ја земев вакцината. …Мислам, ги имав и двете дози… И сум многу среќен поради тоа. Знаете, никој од нас не доби „дополнителна глава“, ниту поради до 5-Г телефоните… Значи, сите тие работи, мислам, во голема мера се мит!“, вели тој.
Пејачот во 2015 година имаше операција поради рак на јазикот, а за неа Брус вели дека, неочекувано, му ги подобрила гласовните вештини.
„Медицинската технологија ми прилега!“, нагласи тој.
