Свет

Лекарите на папата Франциско: Наскоро може да биде отпуштен од болница

Лекарите на папата Франциско: Наскоро може да биде отпуштен од болница

Состојбата на папата Франциско се подобрува. Има бронхитис, но од синоќа се чувствува многу подобро по земањето антибиотици. Според лекарите кои го лекуваат, во наредните денови поглаварот на Римокатоличката црква може да биде отпуштен.

Сите се надеваат дека тоа ќе се случи денес или утре пред Цветници – Католичката Цветници. Ден по хоспитализацијата, Папата се врати на вообичаените обврски, иако од болничката соба.

Тој се молеше и во капелата на клиниката. Папата на Твитер им се заблагодари на своите добронамерници ширум светот кои се молат за неговото здравје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни