Лекарка породила жена во авион – бебето го добило нејзиното име

Докторката од Торонто, Ајше Катиб, на почетокот на декември породи млада жена од Уганда во авион на „Катар ервејс“.

Покрај докторката Катиб, во авионот биле пронајдени уште двајца медицински работници – медицинска сестра и педијатар од Лекари без граници (MSF), па бебето е родено без никакви проблеми.

Изненадување за докторката била одлуката на мајката своето мало девојче да го крсти по нејзиното име – Ајше.

Авионот полетал од Доха, Катар за угандскиот град Ентебе на 7 декември, каде што д-рка Катиб патувала на одмор, пишува Би-Би-Си.

„Околу еден час по полетувањето, стјуардесата по телефон праша дали има лекар или медицински персонал во авионот“, изјави д-р Катиб за CTV News Toronto во петокот.

Катиб, асистент на Катедрата за семејна медицина на Универзитетот во Торонто, спремно реагирала, па била испратена до задниот дел од авионот, каде што младата жена била на сред породување.

Млада мигрантка од Уганда патувала дома од Саудиска Арабија, каде требало да се роди нејзиното прво дете, но девојчето решило да дојде на свет порано од очекуваното, во 35-та недела од бременоста.

Благодарение на помошта на д-р Катиб, родено е здраво девојче кое го добила името Ајша по докторката, на која и е додадено Miracle (чудо).

„Кога дојдов до задниот дел од пилотската кабина и видов толпа луѓе собрани околу некој на кој му треба помош, прво помислив дека е срцев удар или слична ситуација. Но, како што се приближив, видов жена која само се породуваше“, рече д-р Катиб.

Пораѓањето на надморска височина од 10.500 метри се случило на 7 декември, но докторката Катиб била презафатена со работа и лекување на пациенти заразени со Ковид во Торонто, па дури оваа недела споделила фотографии на социјалните мрежи.