Лековите на рецепт завршуваат на почетокот од месецот, може да останете без воздух додека најдете фостер

Не смеете да се разболите кон крај на месецот, бидејќи, речиси сите лекови кои се продаваат на рецепт, завршуваат уште на почетокот од месецот и не можат да се најдат низ аптеките во земјава. Некои од лековите кои се наоѓаат на позитивната листа на Фондот за здравство, а кои ги нема или се трошат брзо, се:

Пумпи Серетиде, Спирива и Фостер – за проблеми со дишењето

Глукофаж – за дијабетес

Дилатренд – за срцеви проблеми

Мирапексин – за пациенти со Паркинсонова болест

Телефонски контактиравме со неколку аптеки во Скопје и ги побаравме гореспоменатите лекови, но во повеќето случаи, ги немаше. На пример во една аптека прашавме дали има Фостер, но фармацевтката откако провери во системот, ни одговори:

Ф – Во Скопје во моментов нема. Надвор од Скопје…

Н-Значи никаде во Скопје не може да се најде Фостер?

Ф-Во моментов не.

Н-На позитивна листа?

Ф-Да. Ми јавува дека има во Охрид, Конче, во руралните аптеки.

Н-А во Скопје дали го има без рецепта?

Ф-Нема, Фостер тешко. И со самофинансирање, треба да ви го нарачаат посебно, никаде го нема како резерва.

На ист начин контактиравме и со други аптеки за други лекови на рецепта, но одговорот беше ист – Нема.

Ф-Фостер, немаме.

Н-Ниту со рецепта ниту приватно?

Ф-Немаме

Н-До кога имаше?

Ф-Овој месец не добивме.

Пумпата Фостер на лекарска рецепта чини околу 300 денари, а без рецепта 3353 денари. Пумпата Серетид и Спирива на рецепта чинат 240 и 440 денари, но ги нема во аптеките да се купат со рецепта, па граѓаните треба да  платат повеќе од 2000 денари за нив.

  На рецепта Со самофинансирање
Foster 300 ден. 3353 ден
Seretide 240 ден 2055 ден.
Spiriva 440 ден. 2104 ден.
Dilatrend 103 ден. 214 ден.
     

 

Недостатокот на овие лекови е причина поради која граѓаните често реагираат на социјалните мрежи и бараат решение од ФЗО.

Во аптеките проверувам секој ден и добивам ист одговор – Се уште не сме го добиле за овој месец.

Да не треба да заврши прво месецот? А, што да правиме што мораме да примаме терапија?

Од директорот на ФЗО, Ден Дончев побаравме пред камера да ни даде одговор за недостатокот на лекови и распределбата на квоти низ аптеките, но ни рече дека не сака да зборува за ова бидејќи следната недела се очекува токму на оваа тема да се одржи прес конференција.

Од друга страна, министерот за здравство, Венко Филипче најави нов модел за распределбата на квоти.

Лековите на рецепт вообичаено завршуваат на почеток на месецот, а ќе ги купат само тие што имаат среќа да ги најдат. Во спротивно ќе треба да плаќаат сами или да земат друг лек како замена за лекот кој го препишал докторот.

Репортер: Бесир Арифи

 

Извор: ТВ21