Лепа Лукиќ: Се чувствувам како да имам 30 години

Легендата на народната музика, познатата пејачка Лепа Лукиќ неодамна беше гостинка на српската телевизија Курир, каде откри дека се чувствува како да има 30 години.

„Здрава сум, права сум и убава, и гордо ги носам своите години. Се чувствувам како да имам 30 години. Можам да одам по телевизии, но бирам. Сама живеам, ама не сакам самотија, среќа имам доста пријатели така да не сум осамена. Луѓето ме сакаат бидејќи сум направила многу, но сум приземна. Ги сакам своите колеги и отсекогаш сум говорела само убави работи за нив, а за себе никогаш не сум кажала дека сум најдобра. Тоа треба други за мене да го кажат“, вели Лукиќ.