Лето во Хрватска: Колку заработуваат Македонците таму

Иако календарот влезе во август, сезонските работни места во Хрватска сè уште се отворени. Недостигот на работна сила, кој е глобален проблем, ги тера државите да ги олеснуваат процедурите за издавање работни дозволи за странци, но сепак работници тешко се наоѓаат.

Македонците традиционално заминуваат на сезонска работа најмногу во Хрватска и Црна Гора, а во последни години сè повеќе и во Словенија и Србија. Според податоците на хрватското Министерство за внатрешни работи, заклучно со 30 јуни годинава се издадени 99.118 дозволи за работа и престој за странски државјани, од кои 7.640 се на македонски државјани, пишува Блумберг.

Сезонските работници од Македонија најчесто се вработуваат во угостителството, туризмот и градежништвото, каде просечната месечна плата варира зависно од позицијата, искуството и локацијата, но вообичаено е повисока од домашниот просек, што е главната причина за миграцијата во летните месеци.