Во Северна Македонија дури 62% од населението не може да си дозволи 7-дневно летување во текот на годината, покажуваат резултатите на Канцеларијата на Европската унија за статистики „Еуростат“. Според спроведената анализа, во споредба со 2010 година бројот на оние кои можат да одат на одмор бележи раст.
На старите не им е доволна пензијата, на младите платата, за да можат да изберат некоја дестинација и да отпатуваат, беа дел од одговорите на анкетираните граѓани. Некои велат дека со години не летувале никаде, а дека дома ќе останат и оваа сезона. Повозрасните велат дека порано било полесно да се заштедат пари за одмор.
Некои веќе биле на летување, а некои допрва ќе одат.
Според „Еуростат“ во земјите од ЕУ на еднонеделен годишен одмор не можат да одат 28,3 отсто граѓаните од државите членки на Унијата постари од 16 години. Годишен одмор не можат да си дозволат 58,9 отсто од Романците, 51,3 отсто од Хрватите и 51 отсто од Грците. Наспроти нив еднонеделен одмор надвор од своите домови не можат да си дозволат само 10,9 отсто од граѓаните на Луксембург и 9,7 отсто од Швеѓаните. Од државите кандидати за членство во ЕУ, на седумдневен годишен одмор не можат да одат 56,9 отсто од граѓаните на Србија и 60,8 отсто од Турците.
РЕПОРТЕРКА: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ