Либанскиот државен обвинител обвинет во случајот со силната експлозија на пристаништето во Бејрут

Судијата Тарек Битар, кој ја истражува експлозијата во пристаништето во Бејрут, во 2020 година, денеска продолжи да ги предизвикува либанските власти покренувајќи обвинение против главниот обвинител во земјата, само еден ден откако обвини двајца влијателни шефови на безбедносните служби.

Покрај огромниот политички притисок на кој е изложен, истражниот судија, по пауза од една година вчера на изненадување на сите реши да ја продолжи истрагата за експлозијата во која загинаа 200 лица, а 6.500 други лица беа повредени.

„Истрага за пристаништето: Тарек Битар полуде”, вчера беше главниот наслов во дневниот весник „Ал-Ахбар”, близок до моќниот проирански Хезболахм што го контролира политичкиот живот во Либан.

Битар пред Апелацискиот суд го обвини главниот државен обвинител Гасан Уеидеате и седум други лица, вклучително и тројца судии, за „убиство”, што е прв таков случај во Либан, изјави денеска судски функционер, пренесен од француските медиуми.

Реагирајќи на обвинението, државното обвинителство на Либан денеска ги отфрли сите обвиненија од истражниот судија.

На 4 август 2020 година, беше предизвикана огромна експлозија во пристаништето во Бејрут поради неправилно складирање на стотици тони амониум нитрат.

Голем дел од населението ја обвинија владејачката елита за корупција и небрежност, која семејствата на жртвите и невладините организации ја обвинуваат за застој на истрагата за да се избегнат обвиненија.

Обвинети се вкупно тринаесет лица, меѓу кои и пет функционери кои Битар веќе ги обвини, особено премиерот Хасан Диаб и поранешни министри.

Судијата Битар го одреди нивното сослушување од 6 до 13 февруари, но Диаб, кој беше премиер во моментот на експлозијата на 4 август 2020 година, рече дека нема да се појави.

Судијата одлучи да ја продолжи истрагата откако властите во последните месеци се обидоа да назначат друг судија на негово место.

Дневниот весник „Ал Ахбар” денеска го обвини судијата Битар дека работи „по американски наредби и со европска правна помош”.

Портпаролот на Стејт департментот нагласи дека САД „ги поддржуваат либанските власти и ги повикуваат да спроведат брза и транспарентна истрага”, соопшти денеска американската амбасада во Бејрут на Твитер.

Поврзани вести

spot_img

Најважното