Магазин

Ликвидиран еден од најбараните бегалци во Европа: Ја лажирал и својата смрт!

Ликвидиран еден од најбараните бегалци во Европа: Ја лажирал и својата смрт!

Помеѓу 2014 и 2015 година, Ебен и неговите придружници шверцувале 400 килограми кокаин во контејнери полни со ананас

Опасниот шверцер на дрога од Холандија, кој беше еден од најбараните криминалци во Европа, е убиен во Мексико, соопштија властите. Марко Ебен (32) беше застрелан и убиен во четвртокот во Атизапан де Сарагоса, општина во близина на Мексико Сити. Експертите го потврдија идентитетот на Ебен, изјави за AFP официјален претставник на обвинителството.

Ебен, кој своевремено ја лажирал својата смрт, е на листата на најбарани бегалци на европските агенции поради шверц на дрога од Бразил во Холандија. На веб-страницата на Европол се наведува дека во октомври 2020 година бил осуден на повеќе од седум години затвор. Од изрекувањето на таа казна тој успеал да избегне апсење.

Помеѓу 2014 и 2015 година, Ебен и неговите придружници шверцувале 400 килограми кокаин во контејнери полни со ананас, според Европол.

За да избегне апсење, Ебен ја лажирал својата смрт минатиот октомври во упориштето на мексиканскиот картел Кулијакана во услови на конфликт меѓу две фракции на картелот Синалоа.

Според локалните медиуми, Ебен бил обвинет дека имал врски со една од фракциите, но во тоа време не биле пронајдени докази за неговата смрт, освен изјавата на наводната девојка која тврдела дека го препознала телото, пренесува ЦБС Њус.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни