Лица од Македонија сакале да прошверцуваат скапи часовници низ „Прешево“, ги фатиле откако му ги виделе рацете на возачот!

Во средата, царинските службеници на граничниот премин Прешево во соработка со полицијата спречија обид за шверц на три скапи рачни часовници чија вредност се проценува на повеќе од 34.000 евра.

Случајот бил откриен на влез во земјава, кога на детален преглед бил издвоен автомобил со странски таблички.

Се вчитува...

И возачот и неговата придружничка, кои патувале од Северна Македонија за Чешка, рекле дека немаат што да пријават освен личниот багаж.

Но, при детален преглед, царинските службеници забележале дека возачот има часовник на двете раце: половен „ролекс“ и сосема нов „Хублот спирит оф Биг Бенг“ на кој сè уште стои заштитната фолија.

Потоа во јакната, која висела во автомобилот, биле пронајдени уште два нови рачни часовници: машкиот „Zenith Defy El Primero 21“ и женскиот „Zenith Defy“.

На патникот, кој изјавил дека има продавница за часовници во Чешка, му бил вратен половен „ролекс“, а новите рачни часовници за кои немал никаква документација со судска одлука трајно му се одземени.