Откако ТВ 21 објави дека на Кире Јаневски, лице со церебрална парализа, му е блокирана сметката добивме одговор и од надлежните институции. Од Министерството за труд и социјална политика велат дека навреме му се исплаќаат средствата.
„Кире Јаневски е корисник на правото паричен надоместок за помош и нега од друго лице со траен налог. Надоместокот редовно му се исплаќа секој месец, а средствата му се префрлаат на сметка во банка.“ – МТСП.
Социјален и медицински статус не се основ на ослободување на плаќање на даноци велат од Град Скопје, која ја блокираше сметката на Кире Јаневски поради неплатен данок.
„Евентуално може да имаат поволност при плаќање на некои сметки, но не и данок. Данокот на имот се наплаќа на сите сопственици на имот.“
Аце Јаневски братот на Кире вели дека тој се води како корисник на имот, но нема имотен лист за истиот и не може да располага со него. Се пожалил во Собрание на Град Скопје, еве што му одговориле:
„Лицето кое прима пари на сметка е во работен однос. Ова лице не работи никаде. Овде имаме контролно мислење дека лицето е неспособно“, изјави Аце Јаневски, брат на Кире Јаневски
За Кире има и контролно мислење дека е работно онеспособен, од тие причини и е корисник на туѓа нега 31 година. Последните 6 години, му се случува да му ја блокираат сметката еден месец пред Нова Година и во март повторно да продолжат со исплатата, без под мирување на заостанатите надоместоци.
РЕПОРТЕР: АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА
