Свет

Литванија: Нема непосредни докази дека експлозијата на гасоводот била резултат на напад

Литванија: Нема непосредни докази дека експлозијата на гасоводот била резултат на напад

Извршниот директор Амбер Грид, компанијата задолжена за транспорт на гас од Литванија, Немунас Бикнијус, денес објави дека нема директни докази дека експлозијата на гасоводот што ги поврзува Литванија и Летонија е резултат на напад.

„Според првичната процена, не гледаме напад како причина за експлозијата, но истрагата ќе ги вклучи сите можни опции“, рече Бикнијус на прес-конференција, пренесува Ројтерс.

Пожарот што избувна по експлозијата е изгаснат и повторно е воспоставен транспортот на гас за Летонија.

На видеото кое го објави литванската јавна телевизија ЛРТ може да се види дека има пожар на местото на експлозијата во областа Паневезис во северна Литванија.

Пламенот се искачи на околу 50 метри во воздухот и можеше да се види од растојание од најмалку 17 километри, објави претходно ЛРТ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни