Македонија

Локализиран пожарот покрај автопатот Скопје – Гостивар

Локализиран пожарот покрај автопатот Скопје – Гостивар

Регионалниит ЦУК Тетово известува дека е изгаснат пожарот каде што гореше сува трева наспроти бензиската пумпа ,,Бунар Петрол” во Општина Гостивар.

Конкретно, по дојавата на 112 во ЦУК и известувањето на пожарникарите од ТППЕ Гостивар, околу 12.15 часот, веднаш се дејствуваше на терен со едно противпожарно возило, камион и три пожарникари, за гаснење на пожарот. Локациски, пожарот беше наспроти бензиската пумпа ,,Бунар Петрол” на десната страна на автопатот на делницата Гостивар -Тетово. Пожарот е изгаснат целосно околу 13.10 часот и екипата на ТППЕ Гостивар се вратени во својата база.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни