Свет

Лондон: Русија најверојатно ќе ги интензивира нападите врз цивилни цели во Украина

Лондон: Русија најверојатно ќе ги интензивира нападите врз цивилни цели во Украина

Британското Министерство за одбрана денеска предупреди дека најверојатно Русија како што ќе трпи воени порази ќе ги интензивира нападите врз цивилни цели.

Според Лондон, Русија изминатите седум дена ги интензивира нападите врз цивилната инфраструктура, дури и во местата каде тоа нема некое воено значење.

„Бидејќи се соочува со порази на фронтот, Русија најверојатно ќе го прошири бројот на локации на кои е подготвена да ги нападне во обид директно да го поткопа моралот на украинскиот народ и Влада“, се наведува во соопштението на британското Министерство за одбрана.

Додека според Институтот за проучување на војната со седиште во Вашингтон, руските сили во Доњецк продолжиле да спроведуваат „безначајни операции” во селата наместо да ја зајакнуваат линијата на фронтот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни