Ловец преживеал напад од гризли мечка тешка 200 килограми: „Се сетив на советите од баба ми“

Американскиот ловец Чејс Де́лво (37) едвај преживеал напад од мажјак гризли тежок околу 200 килограми, по одлука во последна секунда која му го спасила животот. Инцидентот се случил пред неколку години додека ловел со својот брат во забeтчените предели на сојузната држава Монтана, обидувајќи се да истера група елени кон гребенот каде што бил позициониран неговиот брат.

Лошите временски услови – снег, дожд и ветер до 65 км/ч – го маскирале неговото движење, па мечката не го забележала. Де́лво, тогаш 26-годишен, бил изненаден кога од само еден метар ја видел мечката која токму се будела. Ловецот се обидел да се повлече, но огромното животно го соборило на земја и го каснало за главата.

Се вчитува...

„Ме пушти, но сè уште беше над мене, ржејќи најсилно што сум чул во животот“, раскажува Де́лво. Потоа мечката силно ја гризнала неговата нога, па со моќна сила на вратот почнала да го тресе и потоа го фрлила на страна, пишува „Mirror“.

За време на вториот напад, Де́лво вели дека паниката не го совладала. „Се сетив на еден напис што одамна ми го даде баба ми, во кој стоеше дека ова големо животно има слаб рефлекс на повраќање. Затоа ја турнав мојата десна рака во неговото грло.“

Неверојатно, тој потег успеал. Мечката веднаш го пуштила ловецот и побегнала, оставајќи го тешко повреден, но жив. Крвав и ранет, тој успеал да се врати кај брат му, кој го однел во болница. Лекарите му ставиле стотици конци и спојници на главата, третирале отечено око со темна модринка и убодни рани на ногата.

И покрај трауматичното искуство, Де́лво не ја обвинува мечката. „Сакам сите да знаат дека мечката не беше виновна“, рекол од болничкиот кревет. „Беше исто толку исплашена колку и јас.“ Неговата храброст предизвика восхит на социјалните мрежи. Еден корисник на Reddit напишал: „Реагираше во момент на можна смрт и се сети на нешто што му го спаси животот. Тоа бара брзо размислување и храброст. А станува збор за – гризли.“

Гризли мечката (Ursus arctos horribilis) е голема и моќна подвид на кафеавиот мечок (Ursus arctos). Позната е по својата сила, брзина и територијално однесување. Може да биде опасна поради својата големина и способност за ненадеен напад, особено ако се чувствува загрозена или изненадена. Нападите врз луѓе, иако редокo се случуваат, често резултираат со тешки повреди или смрт.