Бизнис

„Луфтханза“ ќе ги намали летовите до Скопје

„Луфтханза“ ќе ги намали летовите до Скопје

Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ (Lufthansa) од мај годинава ќе го намали бројот на летови меѓу Скопје и Франкфурт, како и до други дестинации во регионот, поради проблеми со моторите на дел од флотата авиони „eрбас“, што влијае на нејзиниот распоред на летови на средни дестинации, објави специјализираниот сајт за авијација „Ексјуавиејшн“ (Exyuaviation).

Освен за Скопје, направени се намалувања на одредени услуги и за Белград, Љубљана, Загреб и Сараево.

Авиолинијата меѓу Скопје и Франкфурт, која беше воведена минатата година, од мај ќе биде намалена на осум лета неделно наместо сегашните десет неделни ротации.

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни