Луфтханза најави поскапи билети и помалку летови поради кризата со горивото

Германската авиокомпанија Луфтханза предупреди дека би можела да ги зголеми цените на билетите и да го намали бројот на летови, со цел да го ублажи очекуваниот раст на трошоците за авионско гориво од околу 1,7 милијарди евра. Причина за тоа е затворањето на Ормутскиот теснец, еден од најважните светски енергетски коридори.

Од компанијата истакнуваат дека тензиите и конфликтите на Блискиот Исток создаваат сериозни предизвици за целата авиоиндустрија. Дополнително предупредуваат дека евентуално намалување на достапноста на горивото во наредниот период може уште повеќе да ја влоши состојбата.

Се вчитува...

И покрај растечките трошоци, од Луфтханза велат дека интересот за патувања останува силен и очекуваат успешна летна сезона со голема побарувачка.

Слични мерки веќе презедоа и други големи авиокомпании ширум светот, меѓу кои Qantas, Turkish Airlines, Virgin Atlantic и United Airlines, кои ги покачија цените, ги намалија летовите или ги комбинираа двете мерки.

Според аналитичката компанија Цириум, авиопревозниците веќе откажале околу 13.000 летови од мајските распореди, што значи намалување од речиси два милиони седишта и јасно ја покажува тежината на кризата врз глобалниот воздушен сообраќај.