Луѓето масовно бегаат по најавата за можно цунами во Јапонија и Филипините, се шират снимки од земјотресот

Земјотрес со јачина од 7,6 степени го погоди островот Минданао на Филипините. Тогаш филипинските служби, како и Јапонската метеоролошка агенција, издадоа посебни предупредувања за цунами за крајбрежните градови во регионот.

Потоа, Геолошкиот институт на САД објави дека опасноста од цунами поминала, но локалните власти не ги повлекле предупредувањата.

Локалното население во некои делови на Филипините беше снимено набрзина и во големи толпи како се повлекуваат на повисоките места.

Филипинската владина агенција ги советуваше жителите на источните провинции Суригао Дел Сур и Давао на источниот брег на Минданао веднаш да се евакуираат на повисоките места или да се преселат во внатрешноста на земјата.

Ројтерс објави дека се издадени наредби за евакуација и за некои области на југозападниот јапонски брег.

Се шират и снимките од првиот земјотрес на Филипините, а по него следеа серија последователни, послаби потреси на тлото.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното