ЛУЃЕТО СО ОВАА КРВНА ГРУПА ЖИВЕАТ НАЈДОЛГО И СЕ НАЈОТПОРНИ НА ТЕШКИ БОЛЕСТИ: Тврдат научниците!

Истражувањата покажаа дека не е баш сеедно која крвна група сме, кога станува збор за отпорноста на организмот на болести.

Ако имате нулта крвна група, вие сте еден од најиздржливите луѓе.

Луѓето со оваа крвна група имаат најмалку шанси да страдаат од кардиоваскуларни болести, како што се мозочен удар и срцев удар.

Исто така, меѓу нив има и најмалку дементирани, како и заболени од Алцхајмерова болест, а тие се најотпорни на рак на панкреасот и желудникот. Исто така, спроведеното истражување покажало дека овие луѓе живеат значително подолго од другите.

И зошто оваа крвна група е толку моќна?

Една од најважните причини е фактот што крвната група 0 содржи помалку молекули кои предизвикуваат згрутчување на крвта, а мозочниот и срцев удар се предизвикани од лошата коагулација на крвта. Работите кои се добри за срцето се добри и за мозокот, бидејќи многу од факторите на ризик кои предизвикуваат кардиоваскуларни болести се слични на ризиците од развој на ментална болест.

Што се однесува до прашањето која крвна група е „најслаба“, тешко е да се утврди дефинитивно, иако експертите велат дека станува збор за групата А, бидејќи носителите на оваа крвна група се најмалку отпорни на маларија.

Затоа, можеме да кажеме дека крвната група А е послаба од другите.