Луѓето споделуваат какви грешки направиле за време на интервју за работа

Едни лице на Редит ги праша луѓето која е најголемата грешка што ја направиле на интервју за работа.

Бројни луѓе ги напишаа своите искуства, а некои од тие коментари се смешни.

Порталот Bored Panda ги издвои најдобрите одговори:

„Не е грешка, но отидов до шалтер во продавница и прашав дали вработуваат. Ми рекоа да и имав интервју за работа на лице место, среде продавница, додека мајка ми стоеше до мене (Јас тогаш имав 16 години и таа ме одведе до продавница). Мајка ми одговараше на секое прашање и продолжуваше да зборува. Конечно се вработив и работев таму повеќе од две години, затоа, благодарам, мамо“.

„Имав интервју за работа во банка. Помина совршено без разлика колку бев нервозен и имав одлична можност да се вработам. Последното нешто што ме прашаа беше: „Зошто да ве вработиме?“ Им реков: „Затоа што најверојатно нема да ви ги украдам парите“. Не ме вработија“.

„Се појавив во живо за телефонски повик на работа“.

„Ме прашаа за моето хоби, а јас им кажав за шиење и читање. Момчето се уште прашуваше дали имам некое друго хоби. Бев збунет зошто повторно испитува и реков не. Инаку, јас бев на интервју во продавница за видео и точен одговор ќе беше гледање филмови“.

„Ме прашаа дали имам барања за плата. Јас реков: “Да, но тоа не е важно затоа што слушнав од вработените кои работат овде дека вашите стандарди за плата се многу пониски отколку што повеќето работници очекуваат“, па додадов „Па, ви благодарам што дојдовте“- инаку сас бев тој што дојде.