Лукашенко понуди да испорача бебешко млеко во САД

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, против кого беа воведени американски санкции, предложи денеска, не без иронија, да се снабдуваат со млеко бебињата во САД кои со месеци се погодени од акутен недостиг, пренесе АФП.

Подготвени сме да им помогнеме на Американците со тоа што ќе им доставиме храна за бебиња.

Се вчитува...

Соединетите Американски Држави веќе неколку месеци се соочуваат со проблеми во обезбедувањето млеко за бебињата поради КОВИД-19. Кризата, исто така, се влоши кога фабриката во Абот се затвори во февруари по повлекувањето на производите за кои постои сомневање дека предизвикале смрт на две новородени бебиња.

Празните полици и грижата на родителите, особено на оние на чии бебиња им треба посебно млеко, се главно политичко прашање за владата на претседателот Џо Бајден.