Свет

Лукашенко со потврда: Белорусија стана партнер на БРИКС

Лукашенко со потврда: Белорусија стана партнер на БРИКС

Претседателот на Белорусија, Александра Лукашенко, денес изјави дека таа земја стана партнер на БРИКС, што е неопходен чекор пред приклучувањето кон таа организација.

Лукашенко во интервју за “Известија” рече дека е донекаде изненаден од фактот што околу 30 држави изразиле желба да се приклучат на БРИКС, а повеќе од 10 земји станале партнери на организацијата, пренесува Белта.

„Тој статус на партнер е можеби во ред. Но ме загрижува фактот дека бирократите, кои ги создаваат и предлагаат овие документи на шефовите на држави, не го закомплицираат сето тоа. Да не дозволат бирократскиот апарат да ги уништи прашањата кои денес се на маса пред државите членки на БРИКС,” изјави тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни