Луксембург ќе стане првата држава во светот во којa јавниот превоз ќе биде целосно бесплатен, со тоа што се укинуваат надоместоците кои граѓаните ги плаќаат за користење на возовите, трамваите и автобусите.
Одлуката ја донесе повторно избраната коалициска влада предводена од Хавиер Бетел, на која приоритет и е животната средина.
Луксембург последниве години покажува зголемен интерес за решавање на транспортните проблеми. Изминатово лето, владата воведе бесплатен јавен транспорт за децата и младите помлади од 20 години. Средношколците можат да користат бесплатен транспорт од нивниот дом до училиштата. Граѓаните досега требаа да платат 2 евра за двочасовен сообраќај со јавниот превоз, што во земја со големина на Луксембург ги покрива скоро сите дестинации.
Воведувањето на бесплатниот превоз сè уште не е детално разработено, бидејќи уште не е одлучено како ќе се постапува со првата и втората класа во патничките возови.
