„Ма остај ја, поважен ѝ е господ од партијата“ – се жали Јанакиески од директорка во бомбите

Денеска продолжи слушањето на т.н бомби во предетот „Титаник“ кој го отвори Специјалното Јавно Обвинителство.

Поранешниот министер Миле Јанакиевски, сега обвинет во овој предмет во телефонскиот разговор се жали дека некоја директорка не можела да ги натера децата без родители да гласаат со образложение дека постела.

„Миле оваа директоркава ич не соработува. Не доаѓа, постела. Морала на литургија да оди. Па и јас постам, па не одам на литургија“, му вели Даниела Рангелова на Миле Јанакиевски.

Избркај ја! Црквата ѝ е поважна од партијата“, коментира Миле.

„Ја избркав“, ја решила Рангелова религиозната директорка.

Екс министерот Јанакиески во овој предмет е обвинет за изборни нерегуларности во три изборни циклуси.