„Мачка со две лица“ – хит на Инстаграм и Тик Ток

Оваа мачка се разликува од останатите миленичиња благодарение на ретката генетска аномалија.

„Мачката со две лица“ со име Венус има две различни бои на својата глава, а исто така и очите и се различни.

Додека некои од нејзините следбеници сметаат дека фотографиите на оваа мачка се лажни, нејзините сопственици Кристина и Крис го порекнуваат ова тврдење.

Тие на инстаграмот на познатата мачка имаат напишано „Јас сум 100 отсто природна. Не носам шминка, ниту молив за очи… Во мојот салон за педикир, Фотошоп и спреј-бои не се дозволени.”

Мачката е пронајдена во 2009 година во Северна Каролина, а денес на својот Инстаграм профил брои два милиони следбеници.

Комбинацијата на две бои крзно кај мачките се нарекува „химера“, а може да се појави со спојување на две оплодени јајце-клетки или два рани ембриони во еден организам.

Така, животното поседува две генетски различни „наследства“ од различни зиготи.

Венус „е активна“ и на Тик-ток. Со својата специфичност, таа на свој начин секојдневно ги охрабрува луѓето да ги прифаќаат своите несовршености.

„Без разлика колку сте различни од другите, Вие треба да се сакате себеси и Вашите несовршености. Не треба сите да бидеме исти. Нашите разлики се она што нѐ прави единствени”, вели една порака на профилот на мачката.