Мачките се исклучително чувствителни, така што можат да ги забележат сите негативни вибрации и луѓе околу вас. Само треба да ги погледнете малку подобро за да разберете што сакаат да ви кажат.
Еве што пробуваат да ви кажат со своето однесување:
- Мачката без причина почнува да се однесува многу нервозно откако ќе се вратите дома
Овие животни многу добро ја препознаваат енергијата, па доколку сте се расправале додека сте биле надвор од дома или некој ве изнервирал, тие тоа ќе го почувствуваат. Со својата постапка ве потсетуваат дека би требало да се ослободите од негативните мисли и емоции.
- Долго гледање во една точка или место
Нешто тука не и се допаѓа и на тој начин ви става до знаење дека тоа место или тој предмет имаат негативна енергија. Можеби некој ви подарил нешто со лоши намери.
- Мачките почнуваат да се однесуваат агресивно кога сопственикот им е лошо расположен
Тие се многу приврзани за нивните сопственици, па затоа не е изненадувачки што ги чувствуваат сите негативни емоции. Со оваа постапка, тие сакаат да ви кажат дека треба веднаш да престанете со таквото однесување.
- Кога сопственикот ќе се разболи, мачката ќе седи до него додека не се опорави
Тие можат да се чувствуваат многу добро кога нешто не е во ред, така што секогаш ќе бидат тука за вас кога не се чувствувате добро. Ќе лежат до вас и ќе се обидат да ве одморат додека не се опоравите, дури може и да го препознаат болното место.
Ако во вашата куќа се појави човек без добри намери, вашата мачка ќе почне да испушта необични звуци или пак ќе го гледа без да се помрдне.
Нивната изразена интуиција ќе ве упати токму кон оние кои не ви посакуваат ништо добро.
