Мадона е на сцената повеќе од 40 години и со својот живот, изборот на љубовници, но и нејзиниот изглед, таа секогаш ја шокира јавноста и ги поместува границите.
Деновиве, сите коментираат две работи: Нејзината целосна трансформација на изгледот, и врската со 36 години помлад маж.
Кога станува збор за изгледот, се издвојува еден коментар: „Таа повеќе не е човек. Изгледа како вонземјанин!“
Што се однесува до момчето, луѓето овде се едногласни: „За што и треба тоа дете?“
Тоа беше 2004 година, кога Мадона даде изјава за списанието „Опра Винфри“ во која, меѓу другото, објасни:
„Секој од нас е одговорен за она што ни се случува во животот. Кога се случуваат добри работи – освојуваме награди, ја среќаваме љубовта на нашиот живот или се унапредуваме – ја преземаме одговорноста за тоа.
Но, кога се случуваат лоши работи – добиваме отказ или се разведуваме – често ги обвинуваме другите. Сега разбирам дека можам да извлечам нешто позитивно од тие работи, но исто така и негативно.
Што се однесува до моите минати врски, сега научив да го извлечам најдоброто од врската за себе. Го земам тој копнеж за нова љубов, таа потрага, копнеж … Тоа е причината зошто сум ненаситна за знаење, потрага. Сакам да се наполнам од тие врски“, истакна таа.
Кој е Ахламалик Вилијамс?
Мадона започна да се забавува со нејзиниот резервен танчер Ахламалик Вилијамс околу 2018 година. Неговиот татко Дру Вилијамс ја потврди нивната врска во 2019 година, велејќи дека парот е во врска една година:
„Љубовта нема година, таа не познава граници. Мојот син го живее животот во потполност и јас сум среќен за него“
Ахламалик е 36 години помлад од Мадона, професионален играч и кореограф, а токму Мадона лично го избра како еден од нејзините резервни танчери за нејзината турнеја во 2015 година.
Шпекулациите дали Ахламалик е нејзиното ново момче, Мадона ги заклучи со видео во кое парот се бакнува.
Оттогаш, младото момче ја следи насекаде: без разлика дали е работа или задоволство. Деновиве парот е во Италија за да го прослави 63 -от роденден на Мадона.
