МАЈКА МУ ДАЛА ТЕЛЕФОН НА СИНОТ ДА СИ ИГРА: Нарачал работи вредни 2.000 долари!

Жените кои сакаат да купуваат онлајн знаат колку е забавно да ги ставаат работите во корпа на интернет, бидејќи можат да си дадат време да притиснат „купи“ или да се откажат од купувањето.

Сепак, советува една мајка, не е секогаш паметна идеја да наполните кошница со скапи работи, а потоа истиот телефон да му го дадете на двегодишно дете. Мајка по име Маду Кумар го советува ова од искуство, бидејќи токму таква ситуација и се случила.

  • „Секој ден доаѓаа луѓе од поштата и ни носеа работи и мебел. На почетокот мојот сопруг не веруваше дека не знам што прави“ – вели оваа жена.

Како што вели, сакала да купи столици, мебел и некои други работи за куќата, но не била сигурна дали тоа е добра одлука, но потоа решила да му го даде телефонот на синот да гледа цртани.

Судејќи по работите кои пристигнале – момчето решило да ја донесе одлуката наместо мајка му.

  • Нарачал мебел и работи во вредност од околу 2.000 долари. Се каравме, а не ни верувавме дека ова мало, слатко, насмеано момче може да го направи тоа – изјави Мадху и откри дека ги вратиле повеќето пакетчиња.
  • Зачувавме некои работи, но не можевме се. Мислам дека ова нема да се повтори, бидејќи поставивме шифри – заклучи таа.