Алисиа Доерти, стана ѕвезда поради импресивна вештина на подготовка на оброци. Оваа 40-годишна жена е мајка на 10 деца. Неделно на храна троши околу 800 евра, а најчесто готви во претпладневните часови.
„Многу се забавувавме поделувајќи ја нашата приказна на „ТикТок“, рекла за интервју.
Нејзината приказна е неверојатна.
Со сопруга девет години се обидела да затрудне. Доживеала 11 абортуси, а потоа во 2011 година се одлучиле да посвојат дете. Шест дена откако стигнало детето во домот, дознала дека затруднела.
Во следните осум години ја проширувале фамилијата, и сега имаат 10 деца, четири биолошки и шест посвоени. Сите деца се на возраст од 2 до 15 години.
