Анџела Вујовиќ, попозната како Анџелина, многу брзо се провлече во срцата на публиката, која ја обожава поради нејзиниот глас, мудар избор на песни и креативност, како и поради нејзиниот изглед.
Препознатлива е по автентичниот моден израз, но и по убавината, а сега сподели фотографија која сведочи дека ја наследила од мајка си.
Имено, Анџелина објави фотографија на Инстаграм за која позираше во прегратките на својата сестра Гала и мајката.
На прв поглед, би помислиле дека на фотографијата има три пријателки или сестри, но Анџела на Твитер напиша дека нејзината мајка е со нив, додека на Инстаграм, оваа фотографија привлече големо внимание кај следбениците на пејачката.

