Breaking Советот на Централната банка на Црна Гора го одзеде одобрението за платни услуги на Алта Пеј Груп
Свет

Мајката на Пеле се уште не знае дека тој починал

Мајката на Пеле се уште не знае дека тој починал

78-годишната сестра на Пеле, Марија Лусија до Насименто, објасни дека тоа е предизвикано од нејзината здравствена состојба, пишува SPORTM.mk

Мајката на Едсон Арантес до Насименто – Пеле се уште не знае што се случило, но ја информирале за хоспитализацијата на нејзиниот син. Таа наполни 100 години во ноември и е во слабо здравје.

78-годишната сестра на Пеле, Марија Лусија до Насименто, објасни за ESPN дека тоа е предизвикано од здравствената состојба на нејзината мајка, Доња Селест.

„Разговаравме за болницата, но таа не знае дека тој починал. Таа е добро, но таа е во својот мал свет. Мама не мисли дека сме го изгубиле, таа сè уште се моли за него. Понекогаш ги отвора очите, но генерално не е добро“, рече Марија Лусија.

Доња Селесте е една од луѓето кои го поттикнаа Пеле да игра фудбал. Таа се омажи за Жоао Рамос до Насименто, Дондињо и го роди кралот на 18-годишна возраст. Таа денес живее далеку од центарот на вниманието, во градот Сантос.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни