Иако се трудиме да го воспитуваме своето дете и да го насочиме на вистинскиот пат, некои грешки во воспитувањето можат да имаат сериозни последици. Прочитајте неколку вакви грешки, кои мајките несвесно ги прават при воспитувањето на своите синови.
- Од нив се очекува да бидат емотивно силни, бидејќи се момчиња
Дури и најмодерните родители често не забележуваат како се способни да ја прегрнат и утешат својата ќерка, која плачела поради скршена играчка, додека се обидуваат да го зацврстат својот син во истата ситуација, критикувајќи го дека плаче.
- Претпоставуваат дека нивните синови никогаш нема да бидат во улога на жртва
Родителите треба да ги заштитат своите ќерки и тоа е важно. Но, забораваме дека и момчињата лесно можат да станат жртви. Според истражувањето на веб-страницата MaleSurvivor, едно од шест момчиња доживува некаков несакан интимен контакт до 18-тата година од животот.
- Од нив се очекува да го сакаат спортот и да бидат добри спортисти
Спортот е одличен начин за трошење енергија и слободно време, но, како и сè друго, спортот не е за секого. Децата дефинитивно треба да испробаат неколку спортови додека се мали, особено во тимските спортови – нè учат на други важни работи, како тимска работа, дух на заедништво, истрајност. Но, вашиот син навистина не мора да биде одличен спортист, особено ако тоа не го привлекува.
- Не им дозволуваат да имаат стравови
И момчињата имаат право да се плашат. Исто како и девојките. Никогаш не треба да им го всадите чувството дека стравот е емоција што не треба да ја чувствуваат.
Наместо да им кажете “Нема од што да се плашите!” замолете ги да ви ги објаснат своите стравови. Кажете им дека стравот е нормална работа и дека храбрите луѓе не се оние кои никогаш не се плашеле од ништо, туку оние кои се плашат, но одлучуваат да не дозволат стравот да ги попречи во ништо.
- Тие претпоставуваат дека нивните синови нема да наштетат никому
Сите сакаме да веруваме дека нашите деца се најдобри. Но, нашите синови, исто како и нашите ќерки, мора да се научат на емпатија, да ги почитуваат границите што им ги поставуваат луѓето околу нив, како и дека нечие НЕ значи навистина НЕ.
- Непримерно се шегуваат на сметка на гениталиите на нивниот син (ова важи и за најраната возраст на детето)
- Престанете да ги гушкате и бидете нежни со нив кога ќе пораснат
Човечкиот допир и нежност е основна потреба на сите луѓе на планетата, без разлика колку години имаат.
