54-годишен македонскиот државјанин, кој се наоѓал во притвор во албанскиот град Валона, починал откако доживеал срцев удар.
Според албанските медиуми, тој бил пренесен во Регионалната болница во Валона, но лекарите не успеале да му го спасат животот.
Надлежните органи во Албанија ја истражуваат причината и околностите на смртта. Тој бил уапсен во април годинава, откако во стан што го користел биле пронајдени кокаин, марихуана и друга опрема поврзана со дрога.